Нов парк за миленици во Влае 2

Скопската населба Влае 2 доби нов парк за миленици.

 

Во новоотворениот парк се одржа и маалска дружба, каде што голем број карпошани дојдоа со своите миленици и го искористија саботното попладне за рекреација, разговор и дружба.

 

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој ја истакна намерата на локалната самоуправа да продолжи со вакви проекти и зони за миленичиња.

 

-Овој дел од Влае целосно се оплеменува. Имаме повеќе спортски игралишта, детско игралиште, зеленило, а сега и парк за миленици. Во вистинска смисла ова е зона за рекреација на сите граѓани. Неодамна отворивме и нов парк за миленици долж Кејот на Вардар, кај вештачката карпа, кој концепциски се разликува од овој, кој содржи различни реквизити и урбана опрема, рече градоначалникот на Карпош, Богоев во непосредниот разговор со граѓаните.

 

На маалската дружба присуствуваа и претставници од Кинолошкиот сојуз, како асоцијација што се занимава со проучување на кучињата и нивните расни карактеристики. Претседателот на Сојузот, Јордан Христовски го истакна позитивниот пристап на Општина Карпош за отворање вакви катчиња за миленици што се опремени со потребните реквизити за кучињата, а од особено значење е одржувањето на истите.

 

-Очигледно беше и задоволството на граѓаните од новиот парк. На овој начин се зголемува безбедноста за сите граѓани и за оние кои се љубители на домашни миленици, но и за луѓето кои не се тоа, затоа што овие паркови овозможуваат концентрација на милениците на определен простор, нивна заштита, полесно одржување на јавната хигиена и чистота на околината, соопшти општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.