Засилени инспекциски контроли: Казни за прекршоци од 50 до 2.000 евра

Општина Карпош согласно своите надлежности, покрај интензивираните активности за чистење на јавните површини, во наредниот период ќе ги зголеми и инспекциските контроли на терен.

 

Овие активности ќе се одвиваат и за време на викендите. За таа цел од општината ги потенцираат дејствијата кои претставуваат прекршување на прописите за чиста животна средина и за кои ќе има прекршочни санкции од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност.

 

Комуналните инспектори ќе казнуваат за  фрлање шут, отпад, формирање депонии, јами и сл., во профилот на улиците и патиштата или покрај контејнерите за комунален отпад или пак доколку го остават градежниот шут или друг вид отпад на коловозот и тротоарот на улиците, испуштање  отпадни или други води, нанесување кал, градежен и друг материјал на коловозот и тротоарите на улиците, ќе се казнува и попречувањето  на пешачка патека и улица, противправно прекопување на коловозот, оставање пречки и друг материјал на коловозот, пешачката патека или тротоарот и неовластено поставување разни препреки; оштетување и уништување на урбана опрема, сообраќајни знаци, патокази, семафори и друга опрема која е во функција на патеките, улиците и другите јавни површини исто ката ќе биде казниво со парична казна од 50 до 2000 евра, како  и отворање и отстранување на капаците на уличните шахти и решетки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.