Општина Карпош промовираше мобилна апликација за полесно решавање на проблемите на граѓаните

 

Општина Карпош денеска ја промовираше првата мобилна апликација „мЗаедница" за учество на граѓаните во утврдување на локалните прашања и проблеми, како и во процесот на донесување на одлуки.

 

Апликацијата ја претстави градоначалникот на општината, Стефан Богоев, која потенцираше дека општина Карпош е прва општина која воспоставува ваков вид на комуникација со граѓаните.

 

Целта, на проектот, како што посочи Милан Танчевски од Центарот за социјални иновации „Блинк 42 21" е да го промовираат концептот на мобилна партиципација и можноста граѓаните со користење на мобилни телефони брзо и транспарентно да пријават проблем.

 

 

Проектот е соработка меѓу Центарот за социјални иновации „Блинк 42 21", општина Карпош и УСАИД.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.