Жителите на Карпош повторно ќе добиваат субвенции за купување нови велосипеди
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 01 Февруари 2019
Од денеска продолжува акцијата за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите на Карпош. Ќе се субвенционира 30% од цената на купениот нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска ги објави условите и критериумите на Јавниот повик, како и за придобивките од оваа акција. Според Јавниот повик право на субвенција има секој полнолетен жител на Карпош, кој ќе купи нов велосипед, започнувајќи токму од денеска, 1. февруари. Граѓаните треба да достават копија од лична карта, од трансакциска сметка, фискална сметка (оригинал) за велосипедот којшто е купен не порано од 01.02.2019.
Локалната самоуправа минатата година за прв пат субвенционираше купување велосипеди и како резултат на големиот одзив и позитивните реакции, продолжувава и оваа година.
За реализација на оваа акција годинава ќе се одвојат 500 илјади денари, а исплатата на средствата ќе биде по завршување на изборниот процес.
.be
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс