Адреналински парк со ново зеленило и урбана опрема ќе се гради во Карпош

Оваа година ќе започнат почетните активности за изведба на Паркот од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец, долж Кејот на реката Вардар. 

 

Според проектот, покрај зеленило во паркот ќе има и други содржини како адреналински парк, игралиште за фудбал и одбојка на песок со монтажни трибини, парк со детски содржини, сквер и урбана опрема. Општина Карпош доби неповратни средства од речиси еден милион евра од Европска Унија за овој проект.

 

Секторот за развој при Општина Карпош изминатата година го подготви овој проект и аплицираше за средства од Европската Унија. Се очекува договорот да биде склучен набрзо и пролетва да стартуваат градежните работи за изградба на паркот.

 

Овој парк ќе се изведува на површина која е најголемиот дел во сопственост на државата, а во овој момент, овој простор каде ќе се наоѓа новиот парк целосно е запуштен и е место за палење огнови на отворено и создавање диви депонии.

 

Ова ќе биде една од најатрактивните зони за спорт и рекреација во Карпош.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.