Градинката „Пролет“ целосно опремена со прочистувачи за воздух

Градинката „Пролет“ во Козле доби 15 нови прочистувачи за воздух. Со нив, како што соопштуваат од Општина Карпош, сите објекти на градинката „Пролет“ се опремени со прочистувачи за воздух.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека изминатиов период инвестирале многу на полето на детската заштита, а во претстојниот период локалната самоуправа ќе се фокусира на опремување со прочистувачи на основните училишта.

 

 

Опремување на воспитно-образовните установи со прочистувачи за воздух е само една од мерките кои ги презема локалната самоуправа, со цел да обезбеди побезбеден престој на најмладите во градинките.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.