Пријавете електронски отпад на 070 – 236 – 000

Општина Карпош и Друштвото за управување со отпад, Нула отпад, денеска ги потсетија граѓаните за придобивките од селектирањето на електричниот и електронскиот отпад.

 

Со цел поедноставување на постапката за собирање на отпадот, секое домаќинство со телефонски повик може да пријави ваков тип на отпад, по што истиот ќе биде бесплатно земено од нивните домови.

 

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска ги повика граѓаните да се приклучат на оваа еколошка акција, со цел да дадат придонес во борбата против загадувањето на животната средина.

 

Директорот на Нула отпад, Марјанчо Дамески посочи дека граѓаните најчесто пријавуваат како отпад телевизори и фрижидери, но и други помали апарати од домаќинството.

 

За поголема успешност на кампањата, пред просториите на сите урбани заедници е истакнато известување за оваа акција и телефонскиот број на кој може граѓаните да пријават ваков вид отпад за собирање.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.