Нов сообраќаен режим кај Сити Мол за намалување на метежот

На потегот околу Карпоп 4 започна да функционира новото сообраќајно решение, со кое ќе се овозможи намалување на сообраќајниот метеж и ќе се воспостави поголема безбедност, со цел побезбедно движење на граѓанитеи нивна заштита од сообраќајниот метеж околу Сити Мол и во овој дел на Карпош 4.

Станува збор за новопоставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

 

Според новиот режим на сообраќај, возилата кои се движат од ул. „Московска„“ и бул. „Партизански одреди“ во правец на „Љубљанска“, а сакаат да завртат лево за „Волгоградска“, сега ќе продолжуваат право и ќе можат да завртат лево на „Разловечко востание“.

 

Новиот сообраќаен режим овозможува побрз проток на сообраќајот пред ТЦ Скопје Сити Мол, а значително ќе ја зголеми безбедноста на движење на возила и пешаци и внатрешно, во населбата,долж сервисните улици.

 

Сообраќајното решение е подготвено и одобрено од страна на повеќе надлежни институции и стручни субјекти: Општина Карпош, Градот Скопје, Министерството за внатрешни работи преку СВР Скопје и стручни лица – сообраќајни инжинери.

 

За побрза и полесна имплементација на новото сообраќајно решение, ќе има присутни лица од СВР Скопје и од Општина Карпош, кои ќе ги упатуваат возачите и граѓаните како треба да се движат.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.