Затворена дива депонија кај мостот ,,Газела,, во Карпош

Дивата депонија која со години беше место на кое се собираше габаритен отпад и шут, често пати се палеа и огнови на отворено, денеска беше затворена.

 

Станува збор за дивата депонија која се наоѓа долж Кејот на реката Вардар кај мостот „Газела“.

 

При денешната теренска посета, градоначалникот Стефан Богоев посочи дека најстрого ќе биде санкционирано фрлањето и палењето на отпад и Општината заедно со Државниот инспекторат за животна средина и полициските службеници, ќе продолжат со засилени контроли. Богоев најави дека во наредниот периот ќе бидат затворени и други депонии.

 

Градоначалникот Богоев додаде дека просторот кај мостот „Газела“, на пролет ќе биде оплеменет со ново зеленило, садници и урбана опрема. Овој простор ќе биде дел и од новиот парк кој ќе започне да се изведува во 2019 година.

 

Како што посочи Богоев Општина Карпош во изминатиот период работи на зголемување на зеленилото.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.