Во Карпош не се спроведуваат само трите детални урбанистички планови укинати од Уставниот суд

Во општина Карпош нормално се спроведуваат сите детални урбанистички планови, освен трите што беа укинати од страна на Уставниот суд, оцени денеска градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

 

Тој посочи дека одлуките на Уставниот суд, како заштитник на највисокиот акт во државата и на законите, се конечни и општината и градоначалникот се должни да ги спроведуваат.

 

– Не станува збор за волја на градоначалникот или на општинската администрација и на Советот. Ние сме избрани да ги спроведуваме законите и судските одлуки. Така ја спроведуваме и одлуката на Уставниот суд, изјави Богоев по денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

Појасни дека трите детални урбанистички планови се укинати по иницијатива на граѓани кои посочиле одредени прекршувања во процедурата. Кога го добил мандатот, како што кажа, утврдил дека навистина постојат такви прекршувања и тоа како одговор го испратил во Уставниот суд.

 

Стопанската комора на северозападна Македонија минатата недела ги обвини општините Карпош и Аеродром дека се главни виновници за блокирање на деталните урбанистички планови и оти тоа ја чини економијата една милијарда евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.