Здружението на пензионери – Карпош одбележа 40 активна работа

Здружението на пензионери – Карпош во изминативе децении работи на подобрување на статусот на пензионерите и повозрасните граѓани на Карпош, нивна социјализација и меѓусебна комуникација.

На настанот по повод овој јубилеј присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и дел од членовите на Советот, Билјана Костова, Филип Даскаловски и Мики Филев.

Како што соопшти Општина Карпош, Богоев напомена дека како најмлад градоначалник во Република Македонија има чест да ја води Општината со најголем број возрасни граѓани.

– Дадената доверба значи обврска. Во изминатиов период покажавме дека ќе водиме еднаква грижа за сите пензионери. Тоа што го планираме за следната година е проектот за хумани патроли кој ќе овозможи помош и поддршка на пензионерите на кој им е најпотребно, здравствени прегледи или завршување на некоја секојдневна работа. Исто така, предвидуваме и отворање на повеќе пензионерски клубови, рече Богоев.

Претставниците од Здружението на пензионери, како што се посочува, се осврнале на повеќе актуелни прашања и потреби кои ги имаат, но се заблагодарија и за поддршката што ја добиваат од страна на локалната самоуправа.

Во текот на вчерашниот ден, Одделението за спорт и култура при Општината ги организираше и деветитте по ред „Спортски лиги" за повозрасните карпошани.

Заедничка е заложбата за уште поголем број на активности меѓу Општина Карпош и пензионерските друштва, како и конкретни проекти кои ќе го подобрат животот на повозрасните карпошани, се наведува во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.