Дел од општина Карпош утре без вода

Корисниците од улиците „Алберт Ајнштајн„ и „Домбас“, како и дел од корисниците од булеварот „Илинден“ во општина Карпош утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на шибер со пречник од 80 милиметри на крстосницата меѓу булеварот „Илинден“ и улицата „Алберт Ајнштајн“.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипата на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје не заврши со промената на шиберот. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.