Улицата Њуделхиска ќе биде целосно реконструирана

Нов асфалт и целосна реконструкција за улицата Њуделхиска во Тафталиџе 1, најави денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

 

Со реконструкцијата ќе биде опфатено асфалтирање на 500 метри од улицата, истата ќе се прошири ,и  ќе се постави  ново лед осветлување. 

 

Реконструкцијата на улицата ќе чини околу 3.200.000 денари. Богоев посочи дека во моментов се асфалтира и улицата Даскал Камче во Карпош 1, а најави и понатамошна реконструкција на другите улици во општината.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.