Финансиска помош за граѓани од Карпош

Советниците од Советот на Општина Карпош, на денешната седница ги одобрија предлог-одлуките за определување на финансиска помош на граѓани од општина Карпош.

Таква предлог ослука советниците изгласаа за лицата Д.А и на С.К. На седницата, исто така, беше одобрена и одлуката за давање на согласност за ослободување од плаќање административна такса за правните лица при донесување на барање за потпишување на меморандум за соработка и за физичките лица при аплицирање за добивање на картичката „Мој Карпош- моја картичка“.

Членовите на Советот на локалната самоуправа ја изгласаа и Предлог-одлуката за одобрување  финансиска поддршка за спортско-рекреативни и здравствени проекти за физички и правни лица од Општина Карпош, како и Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2018 година.

На  оваа седница, се изгласа и Предлог - одлуката за понишување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за закуп на паркинг места од „Веропулос Дооел Скопје- Веро 2“, У.З „Владо Тасевски“, за корисници- жители на Општина Карпош од станбената зграда на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 74.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.