Карпошани се вклучија во акцијата за почиста општина

 

На Светскиот ден на чистење, 15 септември, Општина Карпош организираше акција за темелно чистење на Општината. Се чистеа зелените површини, паркови и детски игралишта меѓу зградите.

Во акцијата се приклучи и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој посочи дека преку личен пример треба секој од нас да придонесе за заштита на животната средина.

-Оваа акција има за цел да ја подигне јавната свет, а на наше задоволство се приклучија голем број на граѓани и општествено одговорни субјекти. Секако, Општината тековно и секојдневно се грижи за јавната чистота, за хигиената по сервисните улици, меѓублоковското зеленило и пристапните патеки, рече Богоев.

 Акцијата се спроведе на територијата на цел Карпош, а во неа се вклучија повеќе компании и едно регулаторно тело: „Тојота Македонија“, „Symphony Solutions“, „Јахја Кемал“ и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Исто така, акцијата беше поддржана и од службите на ЈП „Паркови и зеленило“ кои со своите капацитети помогнаа да се собере отпадот од сите собирни пунктови.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.