Стипендии за талентираните ученици и спортисти во Карпош

Во новата учебна Општина Карпош дополнително ќе ги мотивира талентираните ученици и спортисти од основните училишта, да остваруваат подобри резултати во науката и спортот.

 

За таа цел, Општината објави Оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за учебната 2018/2019 година. Општина Карпош информира дека рокот за аплицирање е до 17 септември 2018 година.

 

Исто така, објавен е Оглас и за доделување на стипендии за талентирани спортисти, жители на Општина Карпош кои учат во XIII и IX одделение во општинските основни училишта за учебната 2018/2019 година.

 

Потребните критериуми кои треба да бидат исполнети и начинот на испраќање на апликациите можат да се најдат на веб страната на Општина Карпош.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.