Кастрење гранки и миење улици во Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 21 Август 2018
Во урбаната заедница Карпош 2, долж булеварот "8-ми Септември", денеска екипите на ЈП Паркови и зеленило спроведоа акција за уредување и кaстрење на гранките на десет дрвја (јавори).
Како што информираат од Карпош акцијата беше спроведена по барање на граѓани и заедници на станари, а по претходно извршена стручна проверка и издадени решенија за кастрење на суви гранки.
За утре од Општина Карпош најавуваат акција за темелно чистење, миење на повеќе улици. Миењето ќе се врши од 08:00 до 12:00 часот, а ќе се мијат улиците „Прашка” „Варшавска”, „Букурешка”, „Дрезденска”, „Љубљанска” и „Манапо“.
Со цел акцијата да може непречено да се спроведе, повикуваат сопствениците на возилата да ги отстранат своите паркирани автомобили од овие улици кога ќе се спроведува акцијата.
e
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс