Фестивал на солидарноста во Карпош

На платото во ТЦ Лептокарија, в четврток со почеток во 20:30 часот, ќе започне 39-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал, т.н.“Фестивал на солидарноста“.

 

Меѓународниот студентски фолклорен фестивал се одржува од 1967 година на иницијатива на скопските студенти, а во знак на благодарност до земјите кои учествуваа во изградбата на градот Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, по што и го доби синонимот „Фестивал на солидарноста“.

Како што информираат од Општина Карпош домаќин на фолклорниот фестивал е Академското културно – уметничко друштво “Мирче Ацев” кое е со седиште на територија на Карпош. Оваа фолклорна манифестација има меѓународен карактер. На него ќе учествуваат покрај уметнички друштва од Македонија, и ансамбли од Србија, Хрватска, Турција и Кипар.

Фолкорниот фестивал му претходи на Карпошовото културно лето и ја збогатува културната програма во која ќе уживаат жителите на Карпош, но и сите граѓани на Скопје.

Отворањето на фестивалот ќе биде на платото во ТЦ Лептокарија, а ќе се одржат концерти и во Општина Гази Баба, како и во Велес.

Од Општина Карпош велат дека во рамките на фестивалот ќе се одржи и Семинар за фолклор кој ќе овозможи дополнително вмрежување и размена на искуства и знаења меѓу учесниците. Во рамки на Семинарот ќе се одржат работилници за презентација на народните носии, чекорите во ритмичките игри, на инструментите и на мелосот.

Фолклорот претставува вистинско богатство на секоја држава, а овој фестивал овозможува вистинска нејзина презентација и доближување на нејзините карактеристики до што  поголем број на граѓани, информираат од Карпош.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.