Брзи тестови за Ковид 19 добија учениците во Општина Илинден

Тестови кои овозможуваат брза детекција на присуство на корона вирусот добија трите основни и средното училиште во Општина Илинден.

Со тестовите за брза детекција се овозможува ефикасно спречување на ширење на инфекцијата во училиштата, каде што наставата се одвива со физичко присуство на учениците, посочува градоначалникот на општината, Жика Стојановски, кој ги додели тестовите.

 

Континуираното следење на состојбата со Ковид-19 и брзото дијагностицирање во училиштата е од голема важност, со цел преземање на навремени и соодветни мерки за спречување на ширење на заразата меѓу учениците и вработените во училиштата, информираат од општината и апелираат за одговорност со носење маски, оддржување дистанца и редовна хигиена.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.