Литературна e-манифестација „Илинден“

Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, ја организира 21. Литературна манифестација „Илинден“.

 

Годинава, манифестацијата ќе има поинаков облик на одржување. Поради актуелната ситуација и забраната за организирање на јавни собири, со цел да не им се одземе можноста на љубителите на поезијата да уживаат во убавината на пишаниот збор, првпат се организира Литературна е-манифестација „Илинден 2020“.

 

„На 21. Литературна манифестација 'Илинден' стиховите нема да одекнуваат од Домот на културата 'Илинден' - туку тие директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб страната на општина Илинден“, соопштија од oпштината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.