Општина Илинден со мерки и препораки до граѓаните и бизнис заедницата

Согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, градоначалникот на Општина Илинден донесе препораки, мерки и решенија.

Препораките ги објавуваме во целост:

  1. Ги повикуваме сите граѓани на почитување на препораките на Владата и Главниот координативен кризен штаб како и Министертството за здравство, да ги сведат на минимум своите движења и да останат во своите домови како би се избегнало ширењето на вирусот;

  2. Сите лица кои влегуваат на територија на општина Илинден а доаѓаат од земји со среден и висок ризик , задолжително да останат во самоизолација во период од 14 дена, или доколку чувствуваат одредени симптоми да се јават за проверка од страна на епидемиолози;

  3. Се препорачува на сите лица кои се дојдени последниве денови во своите викенд куќи за одмор и рекреација кои се наоѓаат на подрачје на општина Илинден, да спроведат самоизолација, или доколку чувствуваат одредени симптоми да се јават за проверка од страна на епидемиолози.

  4. Се препорачува на возрасните лица со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз;

  5. Се препорачува до куќните совети во координација со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, интензивно да вршат дезинфекција на заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, во влезовите на зградите, лифтовите, подрумите и гаражите во станбените згради на територија на општина Илинден.

  6. Се задолжуваат јавните комунални претпријатија да ги интезивираат активностите за зголемување на јавната чистота и хигиена на јавни површини;

  7. ЈКП Илинден да спроведе дезинфекција на сите улици и јавни површини на територијата на општина Илинден;

  8. Одделението за инспекциски надзор да изврши контроли над јавната чистота, хигиена и уредноста на дворовите на сопствениците, заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, и да доставува дневни детални извештаи од извршените контроли, кои мерки се преземени, против кои лица (со име и презиме) и во кој период;

  9. Основните Општински Училиштата и Средното Општинско Училиште, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Општина Илинден, веднаш да започнат со подготовка на план и начин на спроведување на онлајн настава за учениците, и истиот јавно да го презентираат;

  10. Се задолжуваат директорите на јавните општински установи да спроведат целосна дезинфекција на објектите на детската градинка, основните општински централни и подрачни училишта и средното општинско училиште

  11. Се откажуваат сите настани и активности на територија на Општина Илинден на отворени и затворени простори во период додека се на сила мерките на Владата;

  12. Се затвораат сите спортските објекти и се откажуваат сите спортски настани и натпреавари на територија на општина Илинден, во период додека се на сила мерките на Владата;

  13. Данокот на имот ќе пристигне за наплата во средината на месец Јули и ќе се плаќа на еднакви месечни рати, без камата, до средината на месец Декември 2020 год., за сите правни субјекти регистрирани на територија на општина Илинден и сите жители и сопственици на имот на територијата на општина Илинден;

  14. Со Решението за висина на данок на имот за 2020 година, ќе биде утврдена вредност на висина на данок на имот за 50 % понизок, од Решението доставено за 2019 година;

  15. Решенијата за комунална такса – фирмарина, кај правните субјекти регистрирани на територија на општина Илинден, ќе пристигнат за наплата во средината на месец Јули и ќе се плаќаат на еднакви месечни рати, без камата, до средината на месец Декември 2020 год.;

  16. Нема да се врши исклучување на корисници на јавни услуги како и да се врши присилна наплата на граѓани кои имаат неподмирени обврски;

  17. За сите завршени предмети, готови документи, граѓаните, барателите ќе бидат информирани и контактирани од страна на вработени во општинската администрација;

  18. За информирање и комуникација со општинската администрација се препорачува да се користат општинските е-услуги, како и официјалните општински мејлови: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.контакт телефоните: 02/2571703 и 02/2571704





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.