Општина Илинден го усвои Буџетот за 2020 година

Општина Илинден го усвои Буџетот за 2020 година, во вкупна вредност од 395.804.000 денари, или приближно 6,5 милиони евра.

 

„Буџетот е креиран врз основа на анализата на буџетите за минатите години и планираните реални приходи за 2020 година кои се земени како основа во проектирањето на Буџетот кој е со развојна компонента при што е применет партиципативниот принцип на буџетирање, како и следење на реалните потреби и барања на локалната заедница при дефинирање на програмите за развој“, велат од Општината.

 

Посебен акцент во основниот буџет во износ од 233.736.000 денари е ставен на капитални расходи кои заземаат 60 отсто од планираните средства во основниот буџет.

 

Значителен дел од капиталните расходи во износ од 57.588.000 денари се планирани за подобрување на патната инфраструктура, односно изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура, подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и одржување на постојната патна инфраструктура.

 

Исто така голем дел од капитални расходи односно 53.256.000 денари се планирани во делот на заштита на животната средина за изградба на фекална канализација и пречистителни станици, - чистење на одводни канали и речни корита, одржување чистота на јавни површини и одржување, уредување и проширување на јавни зелени површини и пошумување.

 

Во делот на згрижување на деца од предучилишна возраст, планирани се 25.220.000 денари за изградба на нова детска градинка во Миладиновци, која се предвидува да отпочне со работа во септември 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.