Отворена изложба на Снежана Колевска по повод Денот на Општина Илинден

Како дел од одбележувањето на Денот на Општина Илинден – 2 Август, во Домот на култура „Илинден“ во истоимената општина, беше отворена изложба на слики на Снежана Колевска.

 

Изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски.

 

Љубителите на изложбата имаат можност да видат 30-на дела масло на платно во различни формати.

 

Колевска учествува на групни изложби во Општина Илинден. Реализација на оваа изложба е резултат на нејзиното учество во последната групна изложба на уметниците од Општина Илинден каде што како автор на најдоброто дело е наградена со самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.