Во завршна фаза изградбата на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4

Реализација на капиталниот проект „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4“, во должина од 1.600 метри во Општина Илинден е во завршна фаза.  Вредноста на проектот изнесува приближно 30 милиони денари. Проектот се реализира во соработка со Министерството за финансии во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги кој е финансиран со заем од Светска банка.

 

Рехабилитацијата и реконструкцијата на овој локален пат кој е од големо значење бидејќи претставува влез во Општина Илинден и главна врска со автопатот А4, коридор Скопје-Атина и поврзување со регионалниот пат Р-103, опфаќа и реконструкција на два моста и еден цеваст пропуст, изградба на тротоари, како и изградба на отворени одводни канали за зафаќање и одведување на атмосферските води.

 

Во рамките на реализацијата на овој проект е и изградба на кружен тек во н.м. Кадино, со што во голема мера ќе се олесни движењето на возилата.

 

Со реконструкцијата на овој фрекфентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината и се овозможува побрза и побезбедна комуникација.  Во насока на обезбедување подобри услови за живеење и стопанисување, Општина Илинден континуирано работи на подобрувањето и модернизирањето на локалната патна инфраструктура којашто на територијата на Општината се протега во должина од 306 километри.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.