Од денеска до 12 јуни отворена ликовната изложба ,,Бесконечност,, во Домот на култура ,,Илинден,,

Во домот на култура Илинден од денеска е отворена ликовната изложба насловена ,,Бесконечност,, на Анче Колева и истата ќе биде отворена за посетители една недела, односно до 12 јуни.

 

На изложбата се изложени 31 дело, сите направени во техника масло на платно. Анче Колева која е дипломирана професорка по историја, поетеса, но и самоука сликарка, повеќепати учествувала на ликовната колонија во Струга, на групни и самостојни изложби, како и на хуманитарни манифестации.

 

 

Љубен Пауновски, историчар на уметноста, кој беше и промотор на изложбата за оваа изложба на Колева рече дека централно место има циклусот од пет триптиси посветени на бесконечноста. Едните триптиси се во индиго, сина и зелена боја, а другите во жолта, портокалова и црвена боја.

 

 

Темата ,,Бесконечност,, како што е и насловена оваа изложба е актуелната преокупација на сликарката Анче Колева.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.