Рехабилитација на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4

Во Општина Илинден интензивно се работи на рехабилитација на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4", во должина од 1.600 метри.

 

Од Општина Илинден соопштија дека вредноста на проектот изнесува приближно 30 милиони денари, а се реализира во соработка со Министерството за финансии во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги кој е финансиран со заем од Светска банка.

 

Рехабилитацијата и реконструкцијата на овој локален пат кој е од големо значење бидејќи претставува влез во Општина Илинден и главна врска со автопатот А4, коридор Скопје-Атина и поврзување со регионалниот пат Р-103, опфаќа и реконструкција на два моста и еден цеваст пропуст, изградба на тротоари, како и изградба на отворени одводни канали за зафаќање и одведување на атмосферските води.

 

Деновиве беше извршено асфалтирање на 1100 метри од коловозот кој сега е поширок и заедно со банкините изнесува седум метри, што заедно со отстранувањето на околната растителна вегетација овозможува поголема прегледност и значително олеснување на движењето на моторните возила.

 

Во рамките на реализацијата на овој проект е и изградба на кружен тек во н.м. Кадино, со што во голема мера ќе се олесни движењето на возилата.

 

Со реконструкцијата на овој фреквентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината и се овозможува побрза и побезбедна комуникација.

 

Поради градежните зафати за рехабилитација на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4, сообраќајот на овој патен правец се одвива во отежнати услови, поради што се апелира до учесниците во сообраќајот што го користат овој пат, доколку се во можност да користат алтернативни патишта.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.