Промовирана книгата ,,Мартин Крпан – дипломат и воин” од Милан Јазбец

Во рамки на Литературната манифестација ,,Илинден 2019” денеска беше промовирана книгата ,,Мартин Крпан – дипломат и воин” од проф. д-р Милан Јазбец.

 

Книгата е објавена на македонски, албански и руски јазик а промотивна реч за ова дело одржа професорката Кристина Николовска. Книгата на Јазбец како нова интерпретација на ,,Мартин Крпан” е всушност Крпан виден низ призмата на можен дипломат и воин. Прифесорката Николовска рече дека ако сакаме да го приближиме Мартин Крпан на македонскиот читател, тогаш треба да му укажеме на блискостите што тој ги има од една страна со Марко, а од друга и со Итар Пејо.

 

Милан Јазбец за книга кажува дека е преведена на македонски, албански и руски јазик а како читатели забележуваме колку вешто Крпан ги врти зборовите и колку брзо и ефикасно ракува со оружјето. Роден дипломат и воин. Јазбец вели воините имаат на располагање оружје со коие мораат да извојуваат победа. Исто онака како што Крали Марко го прави тоа со боздоганот или Итар Пејо со зборовите.

 

Во рамките на промоцијата на книгата градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски во знак на благодарност на амбасадотот на Словенија, Милан Јазбец му додели статуетка која ќе го потсетува на присуството на 20-тата Литературна манифестација ,,Илинден 2019”.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.