СОСУ „Илинден“ и Училиштето за уметност, дизајн, графика и облека од Забок потпишаа Меморандум за соработка

Средното општинско стручно училиште „Илинден“, од Општина Илинден и Училиштето за уметност, дизајн, графика и облека од Забок, Република Хрватска потпишаа Меморандум за соработка, со кој ја утврдија соработката за реализирање на проектот Афирмативно искористување на слободното време на младите од различни културни средини.

 

Реализацијата на овој проект, како што информираат од Општина Илинден, е во рамките на спроведувањето на меѓународна соработка на училишта со училишта од европските земји кои не учествуваат во ЕУ програми за образование и оспособување и за соработка со училишта и други институции кои реализираат образование за припадниците на хрватското малцинство во странство во учебната 2018/2019 година, а кој е одобрен од Република Хрватска.

 

Целта на овој проект е јакнење на прекуграничната соработка на училиштата, развивање на иновативните пристапи во учењето и образованието за европските вредности, како и размена на националните и културните вредности на Македонија и Хрватска.

 

Меморандумот што беше потпишан за време на престојот на гостите од Хрватска во нашата земја, предвидува меѓусебна соработка на учениците и професорите од двете училишта, запознавање на културата и субкултурата на младите од различни средини, навики при искористување на слободно време како своевидна превенција на насилничко однесување, информираат од општината.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.