Општина Илинден оствари соработка со општина Брежице од Словенија

Градоначалникот на општина Брежице од Република Словенија, Иван Молан и амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец денеска беа во посета на општина Илинден, каде што разменија искуства за работењето на двете збратимени општини.

 

Како што посочи градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, оваа средба е од исклучително значење за работењето на општината, а од истата се очекува да произлезат голем број заеднички проекти.

 

По разгледувањето на општина Илинден, гостите од Словенија задно со домаќинот, засадија дрво од видот Чинар, како симболика за долгогодишно пријателство. Градоначалникот на Општина Брежице нагласи дека од пријателството со Општина Илинден ќе произлезат голем број проекти кои ќе бидат финансирани од европските фондови.

 

Соработката помеѓу двете општини е на иницијатива на Амабасадорот на Република Словенија, во Македонија, Милан Јазбец, кој е редовно присутен на сите културни случувања во општина Илинден. Како што истакна Јазбец, понатамошната соработка ќе биде насочена кон младите, но и кон граѓаните од трета доба, односно пензионерите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.