Најзабавните, најкреативните и најсмешните маски на априлијада во Илинден

По повод Денот на шегата 1-ви Април во спортската сала ,,Гоце Делчев,,  во Општина Илинден, се одржа традиционалната тринаесетта по ред Априлијада.

 

На манифестацијата, како и секоја година,  умешноста во маскирањето  проследена со многу музика, игра, шеги и смеа ја прикажаа учениците од трите основни училишта Гоце Делчев, Ристо Крле и Браќа Миладиновци, како и дечињата од детската градинка Гоце Делчев.

 

На априлијадата можеа да се забележат најразлични маски кои децата ги изработиле со помош на нивните родители, а имаше и дечиња кои на изрботката на нивните маски посветиле и неколку дена.

 

За најинтересните маски на денешната априлијада беа доделени и соодветни награди. Целата манифестација помина во прекрасна атмосфера проследена со детска песна, игра и смеа, за што се погрижија и аниматори кои ја збогатија оваа манифестација со шега хумор и сатира.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.