Садење на 700 садници во Општина Илинден

Општина Илинден со низа активности го одбележа 21. Март Денот на пролетта и 22. Март-Светскиот ден на водата. Во рамки на проектот „Со зеленило против загадувањето“ на површина од 70.000 квадратни метри се озеленува, а ќе бидат засадени 700 садници.

 

Како што изјави денеска градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски целта е озеленување на сите јавни површини во урбаниот дел на општината. Градоначалникот Стојановски рече дека грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница. Затоа, отворен е повикот на Општина Илинден до сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија, општинската администрација активно да се вклучуваат во реализацијата на еколошките проекти.

 

Градоначалникот Стојановски додаде дека во насока на одржување на озеленетите површини и заштеда на водата од водоводниот систем, на повеќе локации издупчени се бунари од кои озеленетите површини ќе се наводнуваат со техничка вода.

 

По повод Светскиот ден на водата вработените во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ подготвија флаери под мотото „Вода за сите – кој и да си, каде и да си, водата е твое човеково право“, со информации за значењето на водата за настанокот, развојот и одржувањето на животниот циклус на целокупниот жив свет, што беа поделени на граѓаните на општината.

 

Традиционално дечињата од градинката „Гоце Делчев“ го посетија ЈКП „Водовод“, при што можеа да се запознаат со важноста на водата во секојдневниот живот и како треба да ја чуваме и штедиме.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.