Озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општина Илинден

На повеќе локации во Општина Илинден со засадување на садници и озеленување на просторот се реализира еколошкиот проект „Со зеленило против загадувањето“.  

 

Како што соопштија од Општина Илинден целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, локалните економски зони, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

 

Општина Илинден ги повикува сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија, општинската администрација активно да се вклучуваат во реализацијата на еколошките проекти. Како што соопштија од Илинден, секој да даде личен придонес за заедницата, свој придонес во обезбедувањето почист воздух и поздрава животна средина во насока на создавање подобри услови за живеење.

 

Во Општина Илинден од година во година забележано е зголемување на бројот на жители, па од таа причина еколошките проекти се од големо значење за граѓаните. Во последните неколку години младите се повеќе се одлучуваат да го решат станбеното прашање во оваа општина, па во моментов Општина Илинден има околу 20. 000 жители.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.