„Фудбал во училиште“ во рамки на проектот Зимски фудбалски радости- денес и утре во о. Илинден

Учениците од трите основни училишта во општина Илинден и од основното училиште Кочо Рацин од Петровец денеска учествуваа на завршниот спортски настан, фудбалскиот натпревар во рамки на зимските фудбалски радости, поддржан од Фудбалската федераија на Македонија.

 

Како што истакна координаторот на проектот „Фудбал во училиште“ Дејан Димитриевич, на дводневниот фудбалски натпревар имаат можност да играат најдобрите ученици-спортисти.

 

Најдобро од се, како што вели Димитриевич, е тоа што иако дел од учениците на овие натпревари прв пат професионално играт фудбал, тие остануваат во спортот и постигнуваат одлични резултати.

 

Бојан Марковски од Фудбалската федерација на Македонија вели дека станува збор за исклучително значаен проект во кој се вклучени 2.800 деца од 80 училишта, во 21 град во Македонија.

 

Проектот „Фудбал во училиште“ се одржува во рамки на Зимските фудбалски радости.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.