Во центарот за култура Илинден, отворена изложба на меѓународната колонија Карпино 2018

Од денеска до први февруари вљубениците во убавите уметнички слики ќе можат да ја посетат и да уживаат во ликовната изложба на слики од 16-тата меѓународна ликовна колонија Карпино 2018 година.

 

На изложбата се претставени 30-на слики изработени во техника акрил на платно и масло на платно, од 10 автори од земјата и од странство.

 

Уметничкиот организатор на изложбата, Валентина Илиевска, која исто така е и учесник на колонијата нагласи дека учество во Карпино секоја година земаат уметници од Македонија и странство, а благодарение на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, изложбата ќе гостува во повеќе македонски градови.

 

Претседателот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, Зоран Павловски, истакна дека почетоците на колонијата биле во рамки на манастирскиот комплекс во Карпино, за разлика од сега кога уметниците творат во урбаните средини.

 

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ги покани граѓаните да ја посетат изложбата и да уживаат во уметничките дела, насликани со различни техники, и со различни мотиви.

 

Изложба се организира во соработка со Националната установа - Центар за култура „Трајко Прокопиев” од Куманово.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.