Меѓународен ракометен турнир во Општина Илинден

По втор пат во Општина Илинден се одржува меѓународниот ракометен турнир ,,Илинден” што е во организација на ракометниот клуб „Илинден“, а под покровителство  на Општина Илинден.

 

Натправарите се одржуваат во спортската сала “Гоце Делчев“ а учесници се ракометари во младинска категорија. Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски на отворањето на турнирот упати честитки до организаторите на овој спортски настан, посакувајќи им успех на сите учесници на турнирот.

 

На меѓународниот ракометен турнир настапуваат 20 екипи - 13 екипи во генерацијата 2002/2003 и 7 екипи во генерацијата 2006/2007, при што спортската сала „Гоце Делчев“ е домаќин на над 400 млади ракометари.

 

На отворањето на турнирот тренерот на ракометниот клуб "Илинден" изјави дека ракометарите се добро подготвени и очекува да постигнат одлични резултати.

 

За добрата забава на првиот ден од турнирот се потрудија членките на  денс клубот Еурека кои направија еуфорична атмосфера.

 

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.