Мобилни шалтери на УЈП во о. Илинден на 18 и 26 декември

Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните на 18 декември (вторник) и 26 декември (среда) до зградата на општина Илинден ќе биде отворен мобилен шалтер на Управата за јавни приходи.

 

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот граѓаните ќе можат да се регистрираат за новиот концепт на годишна даночна пријава што ќе почне да се применува од 1 јануари идната година.

 

Граѓаните имаат обврска до крајот на годината да се регистрираат во системот е-персонален данок, со цел Управата за јавни приходи да може да ја достави пополнетата годишна даночна пријава на увид на граѓаните.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.