Предложени над 100 проекти за планирање на Буџетот за 2019 во Илинден

Во рамки на Буџетскиот форум кој се одржа во Општина Илинден граѓаните предложија над 100 предлог-проекти што ќе бидат составен дел од  процесот на планирање на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година.

 

На Буџетскиот форум кој редовно се одржува во Општина Илинден граѓаните имаат можност да учествуваат и да придонесат во креирањето на Буџетот за 2019 година.  Најголем дел од предложените проекти се од областа на патната и комуналната инфраструктура, по што следуваат проектите од областа на образованието и заштитата на животната средина.

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, истакна дека овој форум е од големото значење во креирањето на Буџетот. Со утврдувањето на насоките и приоритетите, граѓаните даваат голем придонес за локалниот економски и одржлив развој на заедницата и поквалитетни услови за живеење во сите населени места. 

 

Градоначалникот Стојановски додаде дека со реализацијата на буџетските форуми Оштина Илинден останува доследна на своите трајни определби за поголема транспарентност, комуникација и интерактивност со граѓаните, излегувајќи им во пресрет на  нивните барања и потреби, преку идеи, предлози, мислења, проекти, партиципативно да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.