Од денеска отворена трета по ред изложба на уметниците од Општина Илинден

Во галеријата на Домот на култура ,,Илинден,, од денеска се отвори изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.

 

Ова е трета ваква изложба што се реализира во организација на Општина Илинден, на која се претставуваат уметниците од општината кои професионално или аматерски се занимаваат со сликарство, вајарство, копаничарство...

 

Делата од уметници аматери се собрани со јавен повик кој го објави Општина Илинден за слики од аматери кои се жители на општината или пак потекнуваат од неа.  Градоначалникот на Општината Жика Стојановски посочи дека годинава се изложени многу квалитетни дела, а поддршката од општината за развојот и афирмацијата на културата и уметноста во Општина Илинден ќе продолжи и во иднина.

 

Новица Трајковски ликовниот уметник кој што исто така живее во Општина Илинден за некои од делата вели дека неможе да се препознае дали се направени од професионалци или од аматери сликари и исткна дека од година во година оваа изложба добива на својот квалитет, а со тоа и афирмацијата на уметноста во општината, а голема заслуга за тоа има галеријата во Домот на култура во која често се одржуваат културни настани.

 

На оваа изложба учествуваат 11 уметници со 37 дела, а еден од нив е и Славе Кочовски кој 18 години се занимава со копаничарство. Неговите резби се дел од изложбата на уметниците од Општина Илинден.

 

Оваа изложба во галеријата на Домот на култура ,,Илинден,,  ќе биде отворена до 20-ти декември.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.