Полициска канцеларија за превенција ќе се отвори во Општина Илинден

Поради брзиот развој на Општина Илинден и во насока на подобрување на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на нејзина територија, наскоро во Општина Илинден ќе се отвори полициска канцеларија за превенција која ќе биде сместена во општинската зграда.

 

Оваа одлука ја истакна градоначалникот на општината Жика Стојановски на седницата на Локалниот совет за превенција кој се одржа во општината чија цел е подобрување на безбедноста, дефинирање и интензивирање нови активности во Општина Илинден. Стојановски посочи дека општината се развива многу брзо, па затоа една од областите е покривањето со полициско присуство, бидејќи општината веќе има 20.000 жители, а дневното движење по сообраќајниците е дури и поголемо од овој број.

 

Сашо Велковски, командир на Полициска станица Гази Баба, како член на Советот за превенција, ја истакна одличната соработка со Општина Илинден. Тој посебно нагласи дека цел на полицијата не е репресијата туку напротив, преземањето на превентивни мерки за да не се случуваат немили настани, што е всушност целта и на овој Локален совет за превенција.

 

Локалниот совет за превенција претставува еден вид сервис на граѓаните, а неговата работа ќе ја зголеми довербата меѓу владините институции, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и граѓаните и ќе ја подобри нивната меѓусебна комуникација, а неговата цел e подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општината, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите кои влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.