Градинката „Гоце Делчев“ од Илинден по четврти пат Еко градинка

Детската градинка „Гоце Делчев“ по четврти пат во континуитет е добитник на интернационалното признание Еко градинка на највисоко ниво - зелено знаме.

 

Со добивање на зеленото знаме, градинката  се стекна со право да аплицира за финансиска поддршка за еко проект. Градинката ќе  подготви проект со кој ќе аплицира за мал грант, одобрен од Програмата за мали грантови за еко градинки, финансирани од Европска Унија.Огранизацијата ОХО на градинката и додели зелено знаме додека вработените вклучени во проектот примија сертификати, како признанија за успешна реализација на проектот.

 

Еко градинка е градинка која ја усвоила заштитата на животната средина како една од основните вредности за управување и раководење. Градинката, покрај тоа што ги воспитува и едуцира децата на темата заштита на животната средина, ги едуцира и сите вработени во институцијата и пошироката заедница. Еко градинката, теоретското знаење го применува во пракса и при управувањето и раководењето ја зема предвид состојбата и иднината на животната средина.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.