Буџетски форуми за креирање на буџетот на о.Илинден за 2019 година

 

Како дел од процесот за дефинирање на Предлог-Буџетот на Општина Илинден за 2019 година, а во насока на поголема транспарентност и партиципативно граѓанско учество во процесот на буџетирање, Општина Илинден почна со реализирање на работни буџетски форуми со граѓаните.

 

Во рамките на рализацијата на овој проект, во Домот на култура „Илинден“ жителите на населба Илинден имаа можност да остварат средба со градоначалникот  Жика Стојановски, членовите на Советот на Општината, директорите на јавните претпријатија и јавните општински образовни институции и претставници на општинската администрација.

 

Притоа, граѓаните ги истакнаа приоритетните проблеми, предлагајќи за реализација конкретни проекти што, согласно можностите, ќе бидат вметнати во Буџетот на Општина Илинден за 2019 година.

 

Транспарентноста во креирањето на Буџетот за следната година, Општина Илинден ја практикува за да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните, со единствена цел рамномерен развој на сите населени места  и овозможување на квалитетни услови за живеење на сите граѓани.

 

Вака подготвениот буџет за 2019 година, ќе биде предложен на усвојување до советниците на Советот на Општина Илинден од страна на градоначалникот, кој активно е вклучен во работата на буџетските форуми.

 

Буџетските форуми продолжуваат и во текот на следниот период, со работни средби во другите населени места.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.