Есенска дератизација за уништување на глодари во Илинден

Како дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2018 година, во тек е редовна есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територијата на Општина Илинден.

 

Од Општината информираат дека со дератизација се опфатени околу 500 шахти што се наоѓаат на јавните површини во Илинден.

 

Покрај пролетната дератизација за уништување на глодари, согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања, досега се извршени две ларвицидни дезинсекции за уништување на ларви од комарци на површина од 50 хектари и 4 теристички дезинсекции за уништување на возрасни форми на комарци.

 

Како што информираат од Општината во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.