Размена на искуства во искористувањето на средства од ЕУ со хрватските општини

Делегација на општината, предводена од градоначалникот Жика Стојановски ја посети збратимената Општина Решетари од Република Хрватска, со цел да се разменат искуства во начините на подготовка, аплицирање и реализација на проекти со средства од фондовите на Европската Унија.

 

Како што информираат од Илинден, Општина Решетари е трета општина во Република Хрватска по искористеност на средства од ЕУ. За таа цел делегацијата на Општина Илинден беше запознаена со реализацијата на проекти во областа на комуналната и патната инфраструктура, образованието, енергетската обнова на јавните установи, заштитата на животната средина, како и во други области кои што се финансирани со средства од Унијата.

 

Од Илинден додаваат дека, посетата претставуваше големо позитивно искуство за Општина Илинден, бидејќи областите и големината на проектите што се реализираат во Општина Решетари се во голема мерка слични со областите и потребите за реализација на проекти во Општина Илинден. Искуствата се во насока да се имплементираат проекти во Општина Илинден со цел обезбедување на одржлив локален, економски рамномерен развој и просперитетна иднина на своите жителите, поради што Општината веќе има подготвено и изработено техничка документација, проекти и апликации во вредност од 11 милиони евра.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.