Санирани оштетувањата на преминот на железничката пруга во Илинден

Општина Илинден во соработка со Македонски Железници АД Скопје извршија санација и реконструкција на преминот на железничката пруга на влезот во населба Илинден.

 

Од Општина Илинден информираат дека поради големата фрекфентност на патнички возила и сообраќај кој се одвива по локалнот пат кој преставува и главен влез во Општина Илинден, се придонесе преминот на железничката пруга значително да се оштети и преставуваше проблем во одвивањето на секојдневниот сообраќај.

 

Со активностите покрај промената на подлогата на преминот и асфалтирање на истиот, се изврши и санација и зајакнување на шинската инфрастуктура на преминот.

 

На овој начин се придонесе за подобрување на условите и зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.