Од утре почнува санација на преминот преку железничката пруга во Илинден

Општина Илинден ги информира жителите дека утре во период од 09-00 до 14-00 часот од страна на Македонски Железници АД Скопје ќе се изврши санација на премин преку железничка пруга.

 

Од Илинден соопштија дека санацијата ќе се изврши на железничкиот премин во н.м.Илинден (место викано плац).

 

За време на санацијата на железничкиот премин сообраќајот ќе се одвива со посебен режим обележан со сообраќајна сигнализација.

 

Информацијата за пренасочување на сообраќајот за автобусите на ЈСП Скопје ќе биде објавена и на официјалната страна на ЈСП Скопје http://www.jsp.com.mk/

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.