Министерот Сугарески во посета на Општина Илинден

Општина Илинден денеска ја посети министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески  кој се сретна со градоначалникот Жика Стојановски. Посетата како што изјави министерот Сугарески е во рамките на посетите на општините од страна на Министерството за транспорт и врски, додавајќи дека градоначалникот Стојановски го информирал за тековите и идни проекти во Општина Илинден.

 

Министерот Сугарески додаде дека покрај кредитната линија од Европска инвестициона банка, од страна на Владата на Република Македонија се собираат проекти кои во моментов се разгледуваат со цел тие проекти да бидат избрани.

Градоначалникот Жика Стојановски истакна дека на средбата се разговарало за начините и можностите за реализација на капитални проекти, посено во делот на патната и комуналната инфраструктура. Стојановски додаде дека локалната самоуправа е подготвена во делот на проектната документација, одредени проекти се поднесени.

Целта е како да најдеме можности за да ги реализираме проектите кои што се дефинирани како приоритет од страна на граѓаните и нивна реализација и со тоа подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните во Општина Илинден, истакна градоначалникот Стојановски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.