- Со настап на Влатко Стефановски општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник Илинден 2-ри Август
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 23 Јули 2018
Во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, на 26 јули со почеток во 20 часот, Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник на општината "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, под мотото "Со Илинден традицијата продолжува“.
Како што информираат од општината одбележувањето ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио. Жителите на општина Илинден ќе имаат ретка можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда, Влатко Стефановски, кој ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини, за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс