All for Joomla All for Webmasters

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ФЕИТ и СОСУ ,,Илинден,,

Меморандум за соработка

Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и Средното општинско стручно училиште „Илинден“ со заеднички активности ќе поттикнуваат создавање квалитетен кадар. За таа цел тие денеска потпишаа меморандум за соработка.

 

Средното Општинско Стручно Училиште „Илинден“  и Факултетот за Електротехника и Информациски технологии – ФЕИТ потпишаа меморандум за соработка со цел да се поттикне квалитетниот кадар и да се создадат услови за младите да останат во Македонија.  

 

„Овој меморандум е една почетна точка и за училиштето, и за Факултетот. Во неколку насоки сакаме да ги подобриме условите за работа и на учениците и на студентите преку заеднички проекти, литература, опрема, организирање семинари, натпревари и обуки и  не само за нив, туку и за професорите и наставниците.“ – изјави деканот на ФЕИТ, проф. д-р. Димитар Ташковски. Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски упати апел за поддршка на младиот кадар како наша иднина, во насока на стипендирање на најквалитетните и најсолидни ученици од страна на компаниите. Со потпишување на овој меморандум се очекува зголемување на квалитетниот кадар во Македонија и поттик за надоградба на истиот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.