Санирана дупката кај мостот во Драчево

Големата дупка кај мостот во Драчево за која информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е санирана.

Од Јавното Претпријатие „Улици и патишта“ соопштија дека санирањето било извршено за неполни 24 часа.

„Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП Улици и патишта интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево“, велат од претпријатието.

Мостот денес од 13 часот е пуштен во употреба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.