Град Скопје со поддршка на 116 проекти oд 13,5 милиони денари за спортот и образованието

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2022 година, како и за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица преку грантови за проекти кои ќе се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје.

На јавниот повик за поддршка во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2022 година пристигнаа 164 апликации, а Град Скопје донесе одлука за поддршка на 96 проекти согласно годишната програма за спорт, со вкупен износ од 11 милиони денари обезбедени од буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Стратешката определба на Град Скопје за поддршка на спортот е  преку програми, проекти, манифестации, активности и јавни повици да го поттикнува развојот на спортот, како и афирмирање на градот како развоен спортски центар со европски карактеристики што соодветствуваат на неговиот статус како главен град, со цел остварување на јавниот интерес од локално значење во областа на спортот.

Листа на поддржани проекти, програми, активности и манифестации:

https://skopje.gov.mk/media/8604/finansirani-proekti-i-manifestacii-sport-za-2022.pdf

На јавниот повик за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица, кои предвидените проектни активности ќе ги спроведат во средните училишта на Град Скопје и учество ќе земат учениците и наставниците, согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2022 година, пристигнаа 23 апликации. Град Скопје донесе одлука за кофинансирање на 20 проекти, со вкупен износ од 2,5 милиони денари обезбедени од буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Програмските активности кои се поддржани преку кофинансирање и се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје се насочени кон следниве приоритети: Справување со актуелните предизвици на здравствената криза, односно унапредување на дигиталната писменост на сите членови на училишните заедници; Психосоцијална помош на членовите на училишната заедница за справување со разните форми на насилството, а во прв ред со кибернасилството кое станува актуелно за време на учењето од далечина; Едукација и промоција за градење  здрави животни стилови кај младите преку јакнење на свеста кај средношколците и пошироката јавност за личната одговорност во заштитата на сопственото физичко, психичко и социјално здравје; Унапредување на животната средина преку подигање на свеста на средношколците за личната одговорност во одржувањето на чистата и здрава животна околина; Истражувања и промоција на родовата рамноправност, ученичките права, слободи и развој на креативност; и организирање манифестации на кои ќе се презентираат училишните постигнувања, ќе се промовираат најдобрите ученици и ќе се претстават резултатите на воспитно-образовната дејност пред пошироката јавност.

Листа на поддржани програмски активности во средните училишта:

https://skopje.gov.mk/media/8636/lista-proekti-obrazovanie-2022.pdf





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.